Ракометарите на Тиквеш стигнаа до нова победа во домашниот шампионат откако вечерва во претпоследниот натпревар од 10. коло славеа на гостувањето кај МРК Куманово со минимални 27-28.
Домаќините одиграа подобро во првиот дел со што на пауза заминаа со позитива од три гола 15-12. Сепак, кавадарчани покажаа неверојатна игра и пожртвуваност во вториот дел и на крајот стигнаа до голем триумф од 27-28.
Балша Цејовиќ со осум гола беше прво име кај победникот, додека кај поразените Александар Стојков исто така постигна осум гола.
Standings provided by Sofascore
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

