Ракометарите на Тиквеш, по вчерашниот пораз од Вардар, загубија и од шведски Ескилстуна Гуиф на Меѓународниот турнир „Струга 2024“.
Кавадарчани во крајно израмнет натпревар загубија со 30-32 (15-15), па сега Швеѓаните утре во директен дуел со Вардар ќе одлучуваат за првото место во групата и пласман во финалето на турнирот.
Најефикасен во редовите на Тиквеш беше Анастасовски со 7 гола, а кај Гиуф, исто така по 7 гола постигнаа Густафсон и Остерал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА