Кавадаречки Тиквеш загуби на пријателскиот натпревар од второлигашот Детонит Плачковица кој се одигра во Велес.
Детонит заслужено дојде до победа од 0-1 во натпревар во кој Тиквеш имаше и двајца исклучени фудбалери, најпрво Даноски во првиот дел, а потоа и Спиркоски. Стрелец на победничкиот гол за Детонит беше Стефан Бабунски во 70.минута од средбата.
Претходно, како што е познато, Тиквеш на првиот свој пријателски натпревар зимава триумфираше убедливо со 4-0 против Вардар Неготино. Детонит Плачковица, пак, во првата тест средба убедливо со 6-0 ја победи струмичка Беласица.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

