Плејмејкерот на белгискиот првак Андерлехт, Јури Тилеманс, кариерата ќе ја продолжи во француското првенство, и тоа во дресот на новиот шампион Монако. 20-годишниот Белгиец се сели на „Луј Втори“ за сума од 21 милиони фунти.
Иако во текот на сезоната Тилеманс беше поврзуван со трансфери во Манчестер јунајтед, Тотенхем и Интер, талентираниот Јури одлучи кариерата да ја продолжи во Монако, бидејќи му се допаѓа фудбалот кој го играат „кнезовите“.
Со само 20 години, Тилеманс ја заврши четвртата сезона во белгиската елитна лига како првотимец на Андерлехт. За клубот постигна 18 гола на 53 натпревари оваа сезона.
За заминувањето во Монако потврди и спортскиот директор на Андерлехт, Херман ван Холсбик.
„Јури ќе го напушти Андерлехт, неговиот трансфер во Монако се уште не е 100% комплетиран, но тие беа најупорни за неговиот потпис, најмногу од сите го посакуваа“, изјави Ван Холсбик.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА