Тим го декласираше Медведев за титулата во Барселона

Доминик Тим ја освои 13. АТП титула во кариерата триумфирајќи на турнирот во Барселона. Во финалето Австриецот беше супериорен против Данил Медведев и во победи со 2-0 во сетови губејќи само 4 гема во воедниот сет.

За победата на Тим му беше потребен само еден час и 14 минути, а вториот сет траеше само 22 минути. Иако на почетокот изгледаше дека Медведев ја има контролата откако поведе со 3-0 во првиот сет, Тим успеа да се врати, да му одземе два сервиса на противникот и да го добие сетот.

На патот до титулата, Тим во полуфиналето го елиминираше неприкосновениот во Барселона и на земјените терени, Рафаел Надал.

 

Се вчитува...