Тим ќе го предизвика Федерер за титулата во Индијан Велс

Доминик Тим ќе му се  спротивстави на Роџер Федерер во битката за титулата на Мастерсот во Индијан Велс. Австриецот го обезбеди пласманот во третото Мастерс финале во кариерата, прво на тврда подлога по полуфиналната победа во три сета (7-6,6-7, 6-4) над Милош Раонич.

Во долгиот и неизвесен меч во кој двајцата тенисери добија по еден сет по тај-брејк, Тим беше поуспешен во решавачкиот благодарение на брејкот во петтиот гем.

Роџер Федерер без борба обезбеди место финалето откако Рафаел Надал поради повреда на коленото се повлече од полуфиналната пресметка. Дуелот за титулата во Индијан Велс ќе биде петта пресметка на Федерер и на Тим. Моменталниот резултат е израмнет 2-2. Федерер ќе се бори за шестиот пехар на овој турнир.

 

Се вчитува...