Англичаните вторпат по ред стигнаа до финалето на ЕП. Во 2021 година го загубија финалето од Италија, а сега играат против Шпанија. Заедничко им е тоа што не беа убедливи на двата турнира и тоа јасно го покажува статистиката.
Англичаните досега на тие два турнира одиграа 13 натпревари и постигнаа вкупно 18 голови. Она што е интересно и покажува дека Англија игра многу конзервативно и непривлечно е фактот дека на тие 13 натпревари Англија шутна во просек нешто повеќе од девет пати.
Точниот просек е 9,1 шут на 90 минути во тие 13 натпревари. Аналитичарот на „Opta“, Мајкл Рид, на Твитер го сподели фактот дека тим со таква игра не може да опстане на пример во Премиер-лигата.
Само три од 540 екипи во последните 26 години во Премиер-лигата имале толку низок просек на шутеви по натпревар. Сите три завршиле во понизок ранг.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА