Претседателот на Евролигата, Џорди Бартомеу вели дека се постигнати важни чекори како би најквалитетното европско кошаркарско натпреварување и понатаму да напредува. Тој вели дека Евролигата е многу близу до договор во неа да учествува и еден тим од Лондон.
„Блиску сме до тоа да имаме тим со лиценца во Лондон. Многу можеби се сеќаваат дека имавме таму тим, нашите цели не се променија, поблиску сме до договор него пред пет години“, изјави Бартомеу.
Во 2018. година формирана е Унија на кошаркарите, а многу блиску е Евролигата да воведе колективен договор како што е во НБА лигата.
„Сакаме нашите кошаркари да бидат среќни. Тие формираа своја унија, а без нив не би можеле да успееме. Следна цел е колективен договор и мислам дека сме блиску до тоа“, заврши Бартомеу.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА