Австриецот Доминик Тим, даде свој осврт и анализа за престојната тениска сезона, па потенцираше дека дека Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал се главни фаворити за освојување на првиот атрактивен турнир кој стартува следната седмица – Австралија опен.
Тим минатата година играше финале во Мелбурн и загуби од Новак по пет одиграни сета. Сепак, тој подоцна ја освои својата прва грандслем титула, триумфирајќи на УС Опен.
„Минатата година создадов многу убави спомени. Беше добар турнир, недостасуваше само уште еден чекор до освојување на голематата титула. Тука сме веќе три недели, подготвен сум за почетокот на турнирот. Долго време размислував за поразот во финалето, особено во текот на првите недели во карантин. Крајот не беше убав за мене, бидејќи тоа беше можеби најдобриот турнир што сум го играл во мојата кариера. Финалето против Новак исто така беше добро, но јас не победив. Беше болно. Сепак, титулата од УС Опен го избриша сето тоа. Се сеќавам само на позитивните моменти“, изјави третиот тенисер во светот.
Роџер Федерер нема да биде на Австралија опен оваа година, па Доминик даде свој коментар за отсуството на швајцарската тениска легенда…
„Рафа и Новак се тука, и двајцата сè уште играат извонредно. Исто така, мислам дека сите со нетрпение го очекуваат враќањето на Роџер во Доха. Еден силен ривал помалку, мислам дека сите треба да се радуваме поради тоа… Новак и Рафа се први фаворити. Тие се пред другите играчи, вклучувајќи ме и мене. Особено Новак овде во Австралија, каде ја освои титулата осум пати. Овие услови совршено одговараат на неговата игра. Кога победувате на турнир неколку пати, тоа секако влијае на вашата самодоверба. Минатата сезона тој имаше неверојатна поддршка од публиката, многу Срби живеат тука, дојдоа да го поддржат. За него беше убава атмосфера“, заклучи Тим.
Австралија опен започнува во понеделник. Прв противник на Тим ќе биде Михаил Кукушкин.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

