Тимо Вернер пристигна во редовите на Чесли како големо засилување од редовите на Лајпциг за 53 милиони евра, но со себе не успеа да ја пренесе и одличната голгетерска форма. Германецот претходната сезона почесто се наоѓаше во фокусот на јавноста по промашените шанси отколку постигнати погодоци.
Во првата година во „синиот“ дрес запиша 12 гола и 15 асистенции на вкупно 52 одиграни натпревари, а сега падна во втор план по доаѓањето на Ромелу Лукаку. Оваа сезона одигра само осум натпревари, без ниеден меч во Лигата на Шампионите.
Со Лукаку во своите редови, како и пополнетите крилни позиции за Вернер нема место во тимот па се поверојатно е дека ќе го напушти „Стемфорд Бриџ“. За неговиот потпис постои интерес од Баерн Минхен и поранешниот тренер Јулијан Нагелсман, а во трката сега влезе и Атлетико Мадрид кој е во потрага по нов напаѓач.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

