Заврши ерата на Вернер во Лајпциг, ќе игра во САД

Ерата на Тимо Вернер во Лајпциг завршува после 216 меча и постигнати 113 голови, откако напаѓачот замина во САД, и ќе игра во Сан Хозе Ертквејкс од МЛС.

29-годишниот напаѓач кој играше и во репрезентацијата на Германија, игра во Лајпциг од 2016 година, со три години прекин откако беше во Челси две сезони, и една сезона во Тотенхем.

Репрезентативецот кој играше 57 пати за Германија, после две години минати во Челси, одново се врати во Лајпциг во 2022 година, а потоа во 2024 година замина во Тотенхем, каде ја освои Лигата на Европа, а минатото лето се врати во Лајпциг.

Вернер стана прв стрелец на Лајциг на сите времиња.

Се вчитува...