Норвешкиот скијач Тимон Хауган е победник на ноќниот слалом во австрискиот Шладминг како дел од сезоната во Светскиот куп во алпско скијање.
Норвежанецот до победата стигна со вкупно време од 1:48.05 минута, што беше за 20 стоти делови од секундата подобро од второпласираниот Австриец, Мануел Фелер.
Подиумот го надополни вториот Австриец, Фабио Гштрејн кој доцнеше 67 стотинки зад времето на победникот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА