Интересни најави од таборот на тимот на Ла Фиорита од Сан Марино, кој е противник на најтрофејниот македонски клуб Вардар во 1. квалификациско коло од Конференциската лига на УЕФА.
Од тимот на Ла Фиорита веруваат дек може да го елиминираат Вардар и да продолжат на европската сцена.
„Секако дека воопшто не планираме предвреме да се предадеме во овој двомеч. Самодовербата во нашиот табор е на високо ниво, силно верувам во момците дека ќе го дадат максимумот. Па, всушност ние сме носителите во овој двомеч, а тие се аутсајдерите. Ќе дадеме се од себе за пласман во второто коло“ – вели тренерот на Ла Фиорита, Стефано Чечи.
А, како потврда на амбициите на тимот, доволен показател се и засилувањата кои периодов ги реализираше Ла Фиорита. Во тимот од Сан Марино за настапите во Европа се ангажирани пет нови фудбалери, дефанзивецот од Сан Марино, Андреа Грандони како и на напаѓачот Томасо Гуиди од тимот на Тре Пене. А, нови имиња се и голманот Елија Ди Џули, дефанзивецот Антонио Барета и напаѓачот Лоренцо Дорми.
Сите овие фудбалери претходно веќе соработувале со тренерот Стефано Чечи во тимот на Тре Пене.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

