Тимови ЛШ: Гвардиола со тројца во одбрана, Агуеро на клупата

Манчестер сити брка негатива од три гола на реваншот против Ливерпул, а Пеп Гвардиола сепак реши денешниот дуел да го стартува без Серхио Агуеро како предводник на нападот. Стратегот на „граѓаните“ повторно се реши да му даде предност на Габриел Хесус иако Бразилецот потфрли на првиот натпревар, а поддршка од позадина ќе има од Сане, Стерлинг и од Бернардо Силва.

Домашниот стратег се реши и за формација со тројца дефанзивци во линија, Вокер, Лапорт и Отаменди, па ќе биде интересно да се види како „граѓаните“ ќе ги запрат одличните офанзивци на Ливерпул, Салах, Мане и Фирмино.

Барселона има одлична предност од првиот меч против Рома, но Ернесто Валверде не екпериментира со составот и ќе настапи со своите главни адути и на реваншот во Рим. Семедо ќе биде стартер на позицијата десен бек, додека Серхио Роберто ќе биде преселен на својата природна позиција, во средниот ред крај Ракитиќ и Бускетс.

Рома ќе тргне во целосна офанзива со Џеко и Шик во нападот од првата минута, а во однос на мечот во Барселона тренерот на римскиот клуб на располагање ќе го има и Наинголан.

МАНЧЕСТЕР СИТИ – ЛИВЕРПУЛ

МАНЧЕСТЕР СИТИ: Едерсон, Вокер, Лапорт, Отаменди, Фернандињо, Де Бруин, Давид Силва, Сане, Стерлинг, Бернардо Силва, Хесус.

ЛИВЕРПУЛ: Кариус, Трент Арнолд, Робертсон, Ван Дајк, Ловрен, Милнер, Вајналдум, Окслејд Чембрлен, Мане, Салах, Фирмино.

РОМА – БАРСЕЛОНА

РОМА: Бекер, Хесус, Манолас, Фацио, Коларов, Де Роси, Стротман, Наинголан, Флоренци, Џеко, Шик.

БАРСЕЛОНА: Тер Штеген, Семедо, Алба, Пике, Умтити, Бускетс, Ракитиќ, Роберто, Иниеста, Суарез, Меси.

Се вчитува...