Еден од најдобрите ракометари кои играле на македнско тло, Русинот Тимур Дибиров не ретко знае да ги изненади најмладите свои фанови во Скопје. Така е и актуелниве летни денови прифаќајќи ја поканата да мине мигови дружба со дечињата од приватната градинка „Лилипут дворче“.
Дибиров уште еднаш ги освои срцата на најмалите демонстрирајќи го и сиот свој човечки квалитет, покрај оној спортскиот веќе докажан. Ги израдува „лилипутанците“ со кои не пропушти можност да размени и неколку кратки ракометни часови.
„Ако јас лично се прашувам многу е важно спортот да се засака од најмала возраст. Спортот мора да живее во срцето на секое дете. Токму затоа за мене е најголема радост кога ќе минам мигови со најмладите членови на нашата заедница“ – вели Дибиров.

А, од приватната градинка „Лилипут дворче“ ова лето и тоа како овозможуваат бројни спортски активности за своите дечиња.
„Сакаме да им ги разубавиме деновите ова лето на нашите најмали и најмили, па токму поради тоа се посетите на најголемите спортски ѕвезди во нашата градинка. Покрај посетите на најпознатите македонски спортисти, во насока и на што позабавно лето во континуитет течат нашите спортски активности како пливањето, аикидо, кајак, јавање коњи… Целта е до дечињата да се доближат и оние помалку познатите индивидуални спортови, затоа што зградбата на спортскиот дух кај најмладите е и мора да биде наша постојана определба“ – вели директорката на „Лилипут дворче“, Симона Калајџиска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА











