Рускиот ракометар и двократен освојувач на Лигата на шампионите со македонскиот великан Вардар, Тимур Дибиров откри дека ова ќе биде негова последна професионална сезона, по која ќе стави крај на богатата кариера.
Левото крило за европските медиуми изјави дека му недостигаат сопругата и ќерката кои се во Ростов и поради тоа се одлучил за овој потег.
„Најтешкото за моето семејство во моментов е тоа што сме разделени. Јас сум со синот во Загреб, Ирина со ќерката се во Ростов. Затоа и ја донесов оваа одлука. Ќе ја доиграм сезоната, а потоа ставам крај на кариерата“, изјави Дибиров.
Дибиров во 2013 година од редовите на Чеховски Медведи дојде во Вардар, во кој остана до 2022 година, а во тој период двапати ја освои Лигата на шампионите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА