Алис Робинсон од Нов Зеланд приреди големо изненадување откако стигна до триумф на велеслаломската трка во Крањска Гора, завршувајќи со време од 1:54,21 минута.
За младата 18-годишна скијачка од Нов Зеланд ова е само втора победа во кариерата, откако успеа да ја остави зад себе Петра Влхова, која имаше 34 стотинки послабо време од победничката. Третото место го поделија Мети Хорват и Венди Холденер, со идентично време.
Во Светскиот Куп во водство во генерален пласман е Микаела Шифрин со 1.225 бода, пред Федерика Брињоне со 1.112 бода. Што се однесува до велеслаломската конкуренција, тука во водство е Брињоне со 407 бода, пред Влхова со 333 и Шифрин со 314 бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА