Тинејџерот блесна за Манчестер Јунајтед, сега ќе дебитира за Аргентина

Алехандро Гарначо ги живее најубавите денови во својот живот, суперталентот на Манчестер Јунајтед пред неколку дена го постигна клучниот гол во победата во ФА Купот над Вест хем, а сега доби и повик да дебитира за својата репрезентација.

Аргентинскиот селектор Лионел Скалони го вклучи Гарначо на својот список на играчи за претстојните пријателски натпревари со Панама и со Курасао, давајќи му шанса на 18-годишниот талент да се докаже и меѓу „гаучосите“. Ова ќе бидат први натпревари на Аргентина по освоената светска круна, Скалони на списокот ги вклучи сите освојувачи на мундијалското злато, но и најави дека ќе им даде шанса на неколку помлади играчи да го облечат репрезентативниот дрес.

Гарначо досега постигна четири погодоци за Манчестер Јунајтед и добива се поголема доверба од стратегот Ерик тен Хаг.

Се вчитува...