Тинејџерот кој ја одби Србија, нема да игра ниту за Германија

Александар Павловиќ, играчот на Баерн Минхен кој ја одби Србија за да игра за Германија, нема да може да дебитира за земјата во која е роден во мартовските натпревари. Иако доби повик, сепак, мораше да го откаже учеството за селекцијата за дуелите против Франција и против Холандија поради воспаление на крајниците.

19-годишниот Павловиќ за првпат беше повикан во националниот тим на Германија од страна на селекторот Јулијан Нагелсман.

Павловиќ се најде и на списокот на Србија, меѓутоа на крајот се одлучи да игра за Германија. Тој сакал да донесе одлука после ЕП 2024 година, но кажа дека морал да донесе порано одлука, и се одлучи да игра за земјата во која е роден.

Се вчитува...