Тинекс Пролет го договори првото засилување за новата натпреварувачка сезона, потпушувајќи со Филип Арсеновски.
24-годишниот пивот денеска го стави потписот на договорот со Тинекс Пролет, иако за неговите услуги беа заинтересирани уште неколку клубови од Суперлигата на Македонија.
Арсеновски е поранешен кадетски и младински репрезентативец на Македонија. Неколку сезони го носеше дресот на Металург од каде во 2020 година се пресели во редовите на Еурофарм Пелистер. До почетокот на оваа година настапуваше за тимот на Еурофарм Пелистер 2, по што се пресели во швајцарскиот прволигаш Амичитиа Цирих од каде сега доаѓа во скопскиот клуб.
Овој ракометар се очекува да биде достојна замена за Михаил Аларов кој пред неколку месеци го напушти Тинекс Пролет и се пресели во редовите на Вардар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА