Тирана ита кон титула, Најдовски со гол во триумфот над Игнатија

Филип Најдовски погоди во победата од 0-3 на лидерот во шампионатот на Албанија, ФК Тирана, на гостувањето против Игнатија.

Македонскиот фудбалер стрелаше во 73. минута за конечна победа од 0-3 на Тирана.

Тирана е пред промоција во шампион на Албанија со голема предност пред конкурентите на врвот очекувајќи го крајот на шампионатот. Во дресот на Тирана на денешниот натпревар настапија и поранешните македонски репрезентативци Кристијан Тошевски и Енур Тотре.

Се вчитува...