„Титаните“ се судрија во Сан Франциско: Дончиќ спектакуларно ја заврши 2023 година (ВИДЕО)

Кошаркарите на Далас синоќа на гости славеа против Голден стејт со 122-132 во уште еден спектакуларен натпревар кој го одигра Лука Дончиќ.

Дончиќ на најдобар можен начин ја заврши 2023 година добивајќи ја пресметката на „титаните“ со Стеф Кари, воодушевувајќи го кошаркарскиот свет. Словенецот мечот го заврши со „дабл-дабл“ ефект од 39 поени и плус 10 асистенции, а одбележа и осум скока што е навистина спектакуларно издание.

Од друга страна, Кари се запре на 25 поени, дополнети и со седум асистенции и два скока.

Интересен натпревар синоќа одиграа и Минесота и ЛА Лејкерс, кој на крај заврши со победа на Минесота од 108-106. Минесота до победата беше водена од Едвардс со 31 поен, а Ентони Дејвис беше најдобар кај Лејкерс со 33 поени, 17 скока и осум асистенции.

Од синоќешните натпревари се издвојува и победата на Чикаго со Филаделфија од 105-92, а Детроит го победи Торонто со 129-125.

Се вчитува...