Бразилскиот ас Нејмар ќе биде подготвен за Светското првенство во Русија и ќе ги предводи „кариоките“ на најголемата фудбалска смотра во обидот да стигнат до нов трофеј. Селекторот на фудбалската репрезентација на Бразил, Тите, го објави списокот на 23 фудбалери, а на него се наоѓа и Нејмар. Со него заедно во навалната линија се и Габриел Хесус, Даглас Коста, Фирмино, Кутињо.
Бразил има и одлични чувари на мрежата во Алисон и Едерсон, а ќе недостига Дани Алвеш, кој се повреди сериозно и ќе отстуствува од фудбалските терени во наредните шест месеци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА