Тите: Цел Бразил го прогонува духот од германските 1-7

Германија и Бразил утре ќе одиграат пријателски натпревар, прв дуел меѓу овие две селекции по оној спектакуларен германски триумф од 7-1 над „кариоките“ во полуфиналето од СП 2014 во Бразил. Актуелниот кормилар Тите тогаш не беше селектор на бразилскиот национален тим, но знае колку тешко тој пораз и падна на целата нација, вклучувајќи ја и неговата сопруга.

„Не треба да се залажуваме дека тој меч е заборавен, тој се уште има големо психолошко влијание врз сите нас. Тие 7-1 се како дух, луѓето се уште често разговараат за тој натпреварот. А колку повеќе зборуваш, толку потешко тој дух исчезнува. Се сеќавам како да беше вчера, го гледав дуелот во мојата куќа во Сао Пауло. При третиот гол мојата сопруга почна да плаче, не можев да ја запрам – навистина толку тешко и падна поразот“ – изјави Тите.

Тој нема да тактизира со составот и утре ќе настапи со своите најсилни единаесетмина, со исклучок на повредениот Нејмар. На спротивната страна, Германците ќе бидат значително ослабени откако денеска од комбинација отпадна и првиот голман Тер Штеген, откако пред два дена селекторот Лев ги ослободи од обврските и Озил, Милер и Џан.

To ima ogroman psihološki uticaj. Niko ne treba da se zavarava da to nije tako. Tih 7:1 je kao duh, ljudi i dalje govore o tome. Što više pričaš o tome, taj duh teže nestaje“, rekao je Tite.

Се вчитува...