Македонската тенисерка Лина Ѓорческа го освои првиот трофеј во 2017 година, откако триумфираше во игра на двојки на ИТФ турнирот во Санта Маргерита ди Пула, во Италија. Таа во тандем со американската тенисерка Бернарда Пера беше подобра во финалето со 2-0 во сетови од Пратина Томбаре (Индија) и Ева Васкано (Холандија).
Ѓорческа и Пера првиот сет го добија со 6-2, а доминираа и во вториот, кој го комплетираа со 6-3 во гемови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА