Луис Хамилтон направи уште еден чекор напред кон шампионската титула откако денеска триумфираше на трката за ГН на Јапонија, негова осма победа сезонава. Британецот делуваше импресивно и за разлика од претходното натпреварување во Малезија, овојпат не се задоволи само со втората позиција, извозе одлично и заслужено се искачи на врвот на победничкиот пиедестал.
Ферстапен, кој триумфираше во Малезија, овојпат му „дишеше во врат“ на Хамилтон до крај, но не успеа да најде начин да го мине возачот на Мерцедес и мораше да се задоволи само со второто место, пред својот тимски колега Рикиардо.
За задоволството во тимот на Хамилтон да биде комплетно, Себастијан Фетел повторно се соочи со огромни проблеми со болидот, па Германецот воопшто не ја заврши трката, а разликата меѓу двајцата водечки во генералниот пласман сега изнесува огромни 59 бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА