Ливерпул во фантастичен натпревар славеше над Вест Хем со 2-1, носејќи искачувајќи се на огромни „плус 13“ во однос на Арсенал во трката за титулата во Премиер-лигата. Тимот на Арне Слот одигра моќно прво полувреме во кое стигна до водство благодарение на голот на Луис Дијаз, по извонредната асистенција на Мохамед Салах.
Вториот дел донесе и огромен пад во играта на фаворитот, а гостите знаеја како да го искористат тоа и во финишот стигнаа до израмнување, со автоголот на Енди Робертсон. Овој погодок како да ги разбуди лидерите на табелата кои повторно додадоа гас, создадоа неколку шанси и стигнаа до победата со голот што го постигна капитенот Вирџил ван Дајк.
Домаќините имаа и многу среќа во финишот откако обидот со глава на Филкруг во 94. минута заврши само во гредата од голот на Алисон Бекер.
Резултатската криза на Тотенхем уште повеќе се продлабочи по денешниот пораз на гостувањето против Вулверхемптон од 3-2. „Спарси“ одмораа неколку фудбалери во пресрет на реваншот од Лигата на Европа, а „волците“ знаеја како да го искористат тоа и да стигнат до победата. Аит-Нури го отвори резултатот во корист на Вулвс, на 2-0 со автогол зголеми Спенс, а откако Тел намали на 2-1, Ларсен беше играчот што ја врати предноста од два гола на домашниот тим. Ришарлисон биеше прецизно за 3-2 на пет минути до крајот, но Куња стави печат на оваа заслужена победа на Вулверхемптон.
Ако Челси не успее да стигне до место во ЛШ за следната сезона, еден од главните фактори ќе бидат слабите резултати против речиси испаднатиот Ипсвич. Откако загубија од овој ривал во првиот дел од сезоната, „сините“ овојпат на домашен терен освоија само еден бод против „тракторите“. Гостите можат дури и да жалат за ваквиот исход ако се знае дека по првото полувреме имаа водство од 0-2, но Челси преку Кукурелја и Санчо успеа само да избегне срамен пораз, не и да направи целосен пресврт.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА