Титулата во шпанската Ла Лига е блиску одново да замине во Барселона, откако Реал Мадрид вечерва не успеа да го победи тимот на Џирона на свој терен, играјќи само 1:1.
Со овој неуспех, сега разликата изнесува шест бодови, со напомена дека Барса тек викендов треба да го одигра својот натпревар, и таа предност може да се искачи на девет.
Феде Валверде со гол од далечина и благодарение на грешката на гостинскиот голман, ги донесе „кралевите“ во предност со прекрасен гол во 51. минута. Лемар во 62. минута успеа да израмни со убав гол и со шут од 20 метри.
Реал имаше уште 30 минути да дојде до победата, но не успеа и одново ги разочара своите фанови после поразот од Мајорка, а кошмарната недела ја продолжи и поразот од Баерн Минхен во првиот меч од 1/4 финалето во ЛШ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

