Откако минатата недела го загуби првото место на табелата со поразот од Монако по невиден пресврт, екипата на Ленс вечерва одигра само 1-1 на гостински терен против Стразбур. Со тоа сега со меч повеќе Ленс има бод помалку од ПСЖ, кој со победа ќе може да се одлепи на +4 бодови.
Паничели во 18. минута го донесе Стразбур во водство. Одлично со лоб удар од работ на шеснаесетникот шутираше и го измами голманот за предност.
Мамаду Санкаре во 62. минута израмни. По изведен корнер и одбиена топка, Сангаре шутираше од 20 метри и успеа да го најде патот до мрежата. Претходно Тавин имаше шанси и порано да израмни, но не искористи две добри прилики за погодок.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

