Титулата во НХЛ за клубот кој е основан пред само шест години

Американскиот хокеарски клуб Лас Вегас Голден Најтс ( Las Vegas Golden Knights) за првпат стана шампион во хокеарската професинална лига НХЛ. Интересно е што овој клуб беше формиран пред само шест години, и оваа сезона доминатно дојде до пехарот во Стенли Купот, откако го освлада тимот на Флорида Пантерс со 4:1 во серијата.

Во одлучувачкиот меч, Лас Вегас славеше со убедливи 9:3 пред своите навивачи, и така го потврди конечниот триумф над противникот.

Инаку финалистот Флорида во овој меч стигна како осмопласирана екипа на источната конференција.

Се вчитува...