Титулата за најдобар стрелец на ЕВРО 2020 припадна на Кристијано Роналдо

Заврши уште едно Европско првенство, првак е Италија, по вторпат во историјата. Најдобар стрелец на овој турнир е Кристијано Роналдо со пет постигнати голови, исто толку има и Патрик Шик, но Роналдо има и една асистенција. Следуваат со по четири голови Бензема, Форсберг и Кејн.

Најдобар асистент на ЕВРО 20202 е репрезентативецот на Швајцарија, Стевен Зубер со четири, додека по три запишаа Лук Шо, Дани Олмо и Хојберг.

Со петте голови на ЕВРО 2020, Кристијано Роналдо стана и најдобар стрелец на ЕП, со вкупно 14 голови. Роналдо со овој континентален собир стигна до 109 голови, со што се израмни со Иранецот Али Даји.

Се вчитува...