Реал Мадрид се пласираше во четвртфиналето од клупскиот мундијал откако „кралевите“ вечерва славеа со 1-0 во европската осминафинална пресметка против Јувентус. Херој повторно беше младиот Гонзало Гарсија, кој доби шанса како стартер пред недоволно залечениот Килијан Мбапе и успеа да го постигне победничкиот гол.
Јувентус може да жали што не дојде во водство во првите дваесетина минути во кои италијанскиот тим беше подобар на теренот, а имаше и една стопроцентна шанса, кога Коло Муани излезе очи в очи со Куртоа, но шутираше над гредата. Реал се консолидираше како што минуваше времето, по што избраниците на Чаби Алонсо почнаа да доминираат во вториот дел.
Клучен се покажа погодокот на Гонзало, кој одлично се снајде по центаршутот на Александер Арнолд и го матираше голманот Ди Грегорио. Реал продолжи со добра игра и по водечкиот погодок, шанси имаа Валверде и Чуамени, а во игра влезе и Мбапе, кој конечно дебитираше на овој клупски мундијал.
Противник на шпанскиот гигант во четвртфиналето ќе му биде победникот од вечерашната пресметка меѓу Монтереј и Борусија Дортмунд.
That spider-cam angle just hits differently 📹
Watch the @FIFACWC | June 14 – July 13 | Every Game | Free | https://t.co/i0K4eUu4lJ | #FIFACWC #TakeItToTheWorld #RMAJUV pic.twitter.com/zvDzEe1xLb
— DAZN Football (@DAZNFootball) July 1, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

