Лука Модриќ по 13 години заминува од Реал Мадрид и кариерата ја продолжува во Милан.
Како и да е, летово Хрватот го пречека Чаби Алонсо како нов тренер во Мадрид. И на Модриќ и тоа како му се допаднал стилот на игра што го претпочитал Алонсо, па тоа и директно му го кажал во лице.
„Модриќ виде дека Чаби Алонсо носи нови идеи и поинаков начин на работа“ – наведува шпанска „Дефенса“, цитирајќи го наводното обраќање на Модриќ до новиот тренер.
„Барате нешто ново од нас. Ќе биде потребно време. Игравме во сосема поинаков стил четири години. Ќе биде тешко, но убеден сум дека сè ќе испадне одлично“.
Истиот портал тврди дека Модриќ му признал на Алонсо за неговата кавга со поранешниот тренер Карло Анчелоти.
„Ти, едноставно не е..ш на овој начин“ – наводно му рекол Модриќ на познатиот Италијанец во една ситуација со сериозни поплаки за неговата тактика за натпреварите во изминатата сезона.
Многумина веруваат дека Анчелоти е всушност одговорен за тоа што Реал остана без трофеј минатата сезона. „Кралевите“ честопати изгледаа како прилично неорганизиран тим.
На крајот, раководството на кралскиот клуб одлучи да реагира. Италијанецот беше заменет, а Чаби Алонсо беше ангажиран.
Веднаш, во тимот се случија бројни промени. Пристигнаа неколку нови фудбалери, ќе пристигнат уште, а Лука Модриќ и Лукас Васкез повеќе нема да бидат во соблекувалната.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

