Белгиските медиуми пишуваат за голем шок во репрезентацијата откако Ромелу Лукаку и Кевин де Брујне не се одзваа на поканата за претстојниот собир.
Најдобриот стрелец во историјата на националниот тим, Ромелу Лукаку и најдобриот играч на белгиската селекција, Кевин де Брујне, нема да настапат за националниот тим на натпреварите од Лигата на нации во октомври, иако добија покани.
Лукаку го немаше ниту во септември, но неговото отсуство потоа беше објаснето со средување на деталите од трансферот во Наполи. Официјално Де Брујне не доаѓа поради полесна повреда со која се здоби пред две недели, но медиумите пишуваат дека овие откази всушност се најава за репрезентативни пензии.
Еден Азар и Јан Вертонген веќе се простија од репрезентацијата, а Тибо Куртоа изјави дека нема да игра за националниот тим додека не се смени селекторот и не си замине Доменико Тедеско.
Белгиските медиуми шпекулираат дека тоа е причината за отказите и на Лукаку и Де Брујне.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА