Таеквондо федерацијата на Македонија вечерва на гала свеченост ги избра „Најдобрите во лига системот на Македонската Таеквондо Федерација“.
„Со особена чест можеме да констатираме дека македонското таеквондо, покрај тоа што е најуспешен спорт во државата, претставува и прв индивидуален спорт кој воспоставува вистински систем што гарантира континуитет, развој и постигнување на врвни спортски резултати. Овој систем значи силни клубови, образувани тренери, мотивирани спортисти, фер и професионални судии и организирани натпреварувачки структури кои создаваат шампиони“, велат од Федерацијата.
Во моментов се работи и на документарен филм во продукција на Македонската телевизија, филм кој ќе го овековечи историското олимписко сребро во Токио, ќе го раскаже патот до успехот и ќе остане запис за идните генерации.
Во продолжение ги издвојуваме добитниците на плакети за 2025 година:
– I МЕСТО ВО ЛИГА СИСТЕМОТ НА МТФ ВО 2025 ГОДИНА Таеквондо клуб „Бутел“
– II МЕСТО ВО ЛИГА СИСТЕМОТ НА МТФ ВО 2025 ГОДИНА Таеквондо клуб „Корио“
– III МЕСТО ВО ЛИГА СИСТЕМОТ НА МТФ ВО 2025 ГОДИНА Таеквондо клуб „Феникс Кик“
– За постигнување на најголем спортски успех во олимписко таеквондо во 2025 година
ФИЛИП БЛАЖЕВСКИ
– Најдобар тренер во лига системот на мтф во 2025 година
ВИКТОРИЈА СПАСОВСКА
-Најдобро организиран турнир во лига системот на мтф во 2025 година
Таеквондо клуб „КОРИО“
– Најдобар судија во лига системот на мтф во 2025:
ИРЕНА ГРОЗДАНОВСКА
-За особен придонес во лига системот 2025:
Андреј Василевски
Ведрана Тунеска
Христијан Симоновски
Ненад Ќелевски
Душица Бреслиева
Мартина Наумовска
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА






