ТНС се жали на расизам од Шкендија: Наш фудбалер плачеше по мечот…

ТНС беше елиминиран по продолженија од Шкендија во првото квалификациско коло за Лигата на Шампионите, но велшкиот клуб упати сериозни критики кон односот на навивачите на тетовскиот клуб, обвинувајќи ги за расизам.

Имено, тренерот Крег Харисон обелодени дека 26-годишниот Арамиде Отех бил жртва на расистички навреди на натпреварот во Скопје, поради што во солзи го напуштил теренот.

Отех, кој влезе во игра во продолженијата, во кариерата има настапувано за Квинс Парк Ренџерс, Брадфорд, Стивенис, Салфорд и Валсал.

ТНС сака гласно и да го осуди расистичкото навредување на Арамиде Отех  од еден член на домашна публика по завршувањето на натпреварот со Шкендија. Не постои место за расизам, ниту во фудбалот ниту севкупно гледано во нашето општество. Тој беше во солзи, а тоа не се случува без причина. Јасно е што се случи и ние ќе го пријавиме кај одговорните. Навивач да се однесува така кон спортист на теренот е огромна срамота. Да се надеваме дека виновникот ќе добие казна каква што заслужува. Сите во клубот му даваме безрезервна поддршка на Арамиде и стоиме веднаш крај него во оваа борба. ТНС со гордост ја поддржува кампањата на УЕФА за борба против расизмот“, изјави Харисон.

Шкендија засега не дава никаков коментар за случајот, а инцидентот бил забележан во записникот на офиијалните лица.

УЕФА по прегледувањето на делегатскиот извештај ќе реши дали да покрене дисциплинска постапка против шампионот на Македноија, за што во случај на докажан расизам сигурно ќе следи и жестока казна.

Се вчитува...