Илија Несторовски повторно е без посериозна минутажа во дресот на Удинезе, па на македонскиот голгетер повторно му се предвидува заминување на позајмица во друг клуб во јануарскиот преоден рок. Според последните информација, Несторовски е желба на неговиот поранешен клуб Палермо, кој ќе се обиде да го врати Македонецот назад на Сицилија.
Несторовски со голем успех настапуваше за оваа екипа, како во втората, така и во првата италијанска лига, постигнувајќи вкупно 39 погодоци, надополнети со десет асистенции. Потоа следеше целосен финансиски колапс на сицилијанците, по што Нестор-гол се пресели во Удинезе, но лимитираната минутажа на „Фриули“ може да придонесе тој сериозно да ја разгледа опцијата за камбек во клубот каде беше обожуван од навивачите.
Тренерот Корини најави ремонт во играчкиот кадар и нови засилувања во Палермо, а покрај Несторовски, се споменуваат и имињата на Милан Ѓуриќ, Франк Тсадџут и Давид Стрелец.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА