Тоа би бил перфектен крај: Меси размислува за камбек во Барселона

Лео Меси ја разгледува опцијата за враќање назад во Барселона, за својата фанастична кариера да ја заврши токму во клубот кој го лансираше на врвот на светскиот фудбал.

Аргентинецот 21 година го носеше дресот на Барса пред да се пресели во ПСЖ во 2021, и тоа откако каталонскиот гигант објави дека нема да може да му го продолжи договорот бидејќи не може да го регистрира во Ла Лига поради огромните финансиски проблеми со кои се соочуваше каталонскиот гигант во тој период.

Меси од ПСЖ се пресели во Интер Мајами и моментно е пресреќен во овој клуб во САД, со кој има договор до крајот на 2025 година. Тој не ја крие желбата (Доколку нема проблеми со посериозни повреди) да настапи за Аргентина на СП 2026, а токму тоа може одлично да ги поклопи сите планови.

Имено, извори блиски до Аргентинецот тврдат дека тој би сакал од јануари 2026 да потпише краткорочен договор со Барса, со што би останал во овој клуб шест месеци, во тој дрес би ја завршил клупската кариера, за летото 2026 со мундијалски настап за Аргентина и дефинитивно да му каже збогум на фудбалот.

Планот на прв поглед изгледа одлично, но останува да се види дали истиот би можел да биде реализиран…

Се вчитува...