Тоа би бил удар за Борусија – Халанд го менува Левандовски во Баерн Минхен?!

Баерн Минхен во изминатата деценија си создаде традиција да ги доведува најдобрите фудбалери на Борусија Дормтунд, откако во таборот на баварскиот гигант пристигнаа Хумелс, Геце и Левандовски. Овој тренд би можел да продолжи и наредното лето, за кога Баерн планира да се вклучи во трката за ангажман на норвешкиот супер-голгетер Ерлинг Халанд.

Норвежанецот ќе ја мине сезонава во Борусија, но наредното лето неговата клаузула за трансфер ќе изнесува само 75 милиони евра, што ќе го привлече вниманието на бројни европски гиганти. Еден од нив сигурно е и Баерн Минхен, кој планира да се вклучи во трката за Халанд. Баерн летово го задржа Левандовски, но се очекува Полјакот на крајот од сезонава како слободен играч да си замине од „Алијанц Арена“. Тој удар би бил ублажен само со ангажман на нов топ-голгетер каков што е Халанд.

„Нормално дека ја следиме состојбата на Халанд, би биле аматери кога не би се интересирале за таков врвен фудбалер. Засега се е во фаза на следење, има доволно време. Кога ќе дојде моментот, ќе испратиме понуда и ќе видиме дали тоа ќе биде доволно за да го доведеме Ерлинг во Баерн“, изјави директорот на баварскиот гигант, Хасан Салихамиџиќ.

Се вчитува...