Џиџи Буфон дефинитивно ќе замине од Јувентус на крајот на сезоната, а каде ќе ја продолжи кариерата останува непознато. Се споменуваат неколку европски великани како ПСЖ, клубови од Португалија и Германија, но интересно е што една од можните дестинации е и грчкиот Олимпијакос.
Италијанскиот медиум ‘Тутоспорт’ пред речиси месец дена ја спомена Пиреја како можна дестинација на Италијанецот, а денеска гласините ги потврди и агентот на легендарниот голман, Силвано Мартин, кој вели дека и покрај тоа што нема официјална потврда постои сериозен интерес.
„Вистината е дека сеуште немам добиено официјална потврда од Олимпијакос, но веќе разговарав со двајца или тројца луѓе од клубот кои се многу блиски со претседателот на Олимпијакос и ми нагласија и беа уверени вотоа дека наскоро ќе има и официјална понуда“, изјави Мартин.
Како што пренесуваат италијанските медиуми интерес за овој трансфер постои и од самиот Буфон кој на 43-годишна возраст не е на врвно ниво.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА