Хари Мегваер се наоѓа на излезна врата од Манчестер Јунајтед, а управата на „црвените ѓаволи“ за да го забрза процесот е подготвена дури и да му исплати одредена сума на пари на најскапиот дефанзивец во Премиер-лигата. Неофицијално, екс-фудбалерот на Лестер ќе добие 10 милиони фунти како „бонус за заминување“ само за да прифати некоја од понудите што ги има на маса и уште на почетокот од летово да си замине од „Олд Трафорд“.
Во Јунајтед стравуваат дека платата 190.000 фунти неделно што ја има Мегваер според договорот кој е валиден уште две сезони може да биде сериозен проблем за сите заинтересирани клубови во текот на летото. Секој од нив би барал и „црвените ѓаволи“ да покријат дел од давачките кон дефанзивецот, па затоа, за да се забрза процесот на продажба Манчестер Јунајтед е подготвен да го раскине договорот со Мегваер, по што тој како слободен играч ќе може да замине во друга екипа, побогат за 10 милиони фунти.
Манчестер јунајтед плати 80 милиони фунти за да го доведе англискиот репрезентативец од Лестер, но набрзо стана јасно дека тој никогаш нема да стане оправдана инвестиција. Минутажата уште повеќе му се намали по доаѓањето на Ерик тен Хаг, под чие водство Мегваер настапи само на 16 од вкупно 61 меч на Јунајтед, севкупно во сите натпреварувања.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

