Тоа е Клоп… Има соодветна реакција за секој момент!

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп бликаше од среќа по синоќешната победа над ПСЖ од 3-2 на стартот од Лигата на шампионите.

„Црвените“ до триумфот стигнаа во втората минута од судиското продолжение кога Фирмино на убав начин погоди за триумф. Бразилецот не беше во стартната постава поради тоа што пропушти неколку тренинзи по повредата на окото против Тотенхем, па победоносниот гол против ПСЖ го прослави така што го покри „ранетото“ око.

Таа прослава очигледно му се допадна и на Јирген Клоп кој по мечот го направи токму истото за време на официјалната изјава за ТВ…

Роберто Фирмино и оваа сезона ќе биде повеќе од значаен фактор за Ливерпул, сега веќе постигнувајќи и два едноподруго гола на два значајни натпревари за тимот.

Се вчитува...