Малерите со повредите продолжуваат да го следат Пауло Дибала и по преселбата од Јувентус во Рома. Аргентинскиот ас се повреди пред репрезентативната пауза, при загревањето пред дербито со Аталанта, но вечерва се надмина самиот себе кога станува збор за малери, повредувајќи се при изведување на пенал за „римската волчица“.
Само што почна второто полувреме, а главниот судија досуди пенал за Рома по еден старт над Абрахам. Дибала ја зеде топката и рутински ја мести во мрежата, но веднаш по шутот се фати за мускулот и стана јасно дека станува збор за повреда.
Мурињо не сакаше да ризикува и веднаш го повлече Аргентинецот од игра, но јасно е дека Дибала го очекува нова пауза од фудбалските терени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА