Откако ги презеде групацијата Катар спортс инвестментс (КСИ) на чело со катарскиот Емир Тамим бин Хамад Ал Тани, во ПСЖ беа вложени огромни средства како би се создал еден од најмоќните светски тимови.
Но, и покрај огромните вложувања, целта не е постигната. ПСЖ не е ниту блиску до освојување на Лигата на шампионите и се повеќе се спомнува дека Емирот ќе ги намали вложувањата. Според тврдењата и на „Ла паризиен“ веќе сосема извесно е дека за следните години ќе биде сериозно намален буџетот на ПСЖ.
„Емирот од Катар е свесен за критиките кои тој ги добива поради ПСЖ. Смета дека тоа не е коректно и дека штети на неговиот углед. Па поради тоа веќе сериозно размислува да ги ограничи вложувањата во клубот“ – пишуваат Французите.
Исто така, КСИ наскоро ќе ја купи и Рома па добар дел од средствата се очекува да патуваат кон Рим. Тоа ќе биде сериозен удар и за Франција. Само на име данок минатата година ПСЖ на државата и платил 169 милиони евра, а вкупните вложувања во клубот од 2011 година стигнале до речиси две милијарди евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА