Начинот на кој беше одиграно последното коло од Бундеслигата, единствено го објаснува само германскиот менталитет кој веројатно не постои на ниту едно друго место на планетава.
Одлуката за шампионската титула, но и за опстанокот во лигата, ја донесоа екипи на кои денешните натпревари не им значеа апсолутно ништо од резултатски аспект.
И, ако Мајнц и пресуди на Борусија Дортмунд за да не дојде до трофејот, Лајпциг, пак, кој беше од пред дуелот загарантиран на третата позиција го победи Шалке 04 со 4-2 и го исфрли повторно во Втората лига.
Шалке 04 до 82. минута имаше 2-2, а потоа Лајпциг со головите на Полсен во 82. минута и Нкунку во 94. минта дојде до триумф со кој тимот од Гелзенкирхен повторно го врати во Втората лига.
Хофенхајм, пак, кој исто така беше веќе спасен, ремизираше (1-1) на гостувањето против Штутгарт и на тој начин не им дозволи на домашните со победа да се изборат за директен опстанок. Па, Штутгарт сега преку бараж ќе брка опстанок во Бундеслигата.
БУНДЕСЛИГА – 34. КОЛО
Келн – Баерн Минхен 1-2
Борусија Дортмунд – Мајнц 2-2
Менхенгладбах – Аугсбург 2-0
Бохум – Баер Леверкузен 3-0
Ајнтрахт Ф. – Фрајбург 2-1
Лајпциг – Шалке 4-2
Штутгарт – Хофенхајм 1-1
Унион Берлин – Вердер 1-0
Волфсбурх – Херта 1-2
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА