Не сите се среќни за новата работа на Јирген Клоп, кој од првиот ден од следната година ќе стане глобален фудбалски советник во компанијата Ред Бул. Поради ваквата одлука на поранешниот тренер на Дортмунд и Ливерпул, многу фудбалски стручњаци реагираа како да се изненадени од ваквиот потег на Клоп.
Многу луѓе беа погодени од овој избор, бидејќи јавното мислење е дека Клоп е надвор од филозофијата на Ред Бул. Еден од оние кои јавно го изразија своето незадоволство е Кевин Гроскројц кој играше за Клоп во Борусија Дортмунд.
„Кога се разбудив ме чекаа 30 пораки. Мислев дека нешто важно се случува. Ги читав вестите и мислев дека сонувам. Тогаш се надевав дека се лажни вести. Бев шокиран и тажен. Уште ми е тешко да голтнам… тоа ќе му го кажам кога ќе се видиме. Мислам дека никој не го очекуваше ова од него. Многу, многу чудна одлука која сè уште не ја разбирам. Како љубител на фудбалот, мислам дека Клоп направи големо ср*ње. Ќе му кажам во лице со тие зборови. Но, тој е мој пријател на кој му должам многу и морам да ја прифатам неговата одлука“, изјави Гроскројц.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА