„Тоа што му се случи на Алкараз воопшто не е чудно“

Директорот на Дејвис купот Фелисијано Лопез најде оправдување за предвременото испаѓање на Карлос Алкараз од УС Опен.

Алкарас го заврши натпреварувањето веќе во второто коло, а подобар од него беше Ботик ван де Зандшулп.

„Она што му се случи на Алкараз во Њујорк не е воопшто чудно, во сезона со многу натпревари, откако беше на Олимпијадата и смени многу подлоги во крато период. Несреќите се нормални со толку тежок распоред, но она што луѓето треба да го направат е да ги прекинат негативните коментари за Карлос кои не се нормални“, рече Лопез.

Се вчитува...