Тоберс од Грасхоперс најзвучното име кај Летонците за мечот со Македонија

Познат е и составот на Летонија за дуелот против Македонија во Лигата на нациите кој не очекува на 10. октомври во Рига.

Селекторот Паоло Николато како и на претходните собири, без некои изненадувања, со осум интернационалци а главно состав темелен на домашните фудбалери. Најдобар поединец во летонскиот состав е фудбалерот од средниот ред 23-годишниот Кристерс Тоберс, член на швајцарски Грасхоперс, кој има 33 настапи досега за Летонија.

Главен напаѓач, пак, е Јанис Икауниекс кој игра за летонски РФС, како и Гутковскис кој игра за јужнокорејскиот Даежун.

СОСТАВОТ НА ЛЕТОНИЈА ЗА ДУЕЛОТ СО МАКЕДОНИЈА

Се вчитува...