Фудбалерите на Манчестер Сити одлучија да им ги надоместат парите на сите навивачи кои патуваа на натпреварот од Лигата на шампионите против Бодо Глимт, на кој тимот доживеа пораз од 1-3. Гестот следеше по натпреварот што напаѓачот Ерлинг Халанд го опиша како „срамен“.
Во Норвешка имаше 374 гостински навивачи кои беа сведоци на едно од најголемите изненадувања во историјата на Лигата на шампионите. Повеќето од нив патуваа преку Осло до Боде и го гледаа натпреварот на температури под нулата.
Па, по срамното издание, тимот вети дека ќе им врати на навивачите вкупно 9.357 фунти за билети. Ова стои во официјалната изјава на Бернардо Силва, Рубен Дијас, Родри и Халанд, во име на сите играчи на Сити.
„Нашите навивачи ни значат сè. Знаеме какви жртви прават нашите навивачи кога патуваат низ светот за да нè поддржат дома и на гости и никогаш нема да го земеме тоа здраво за готово. Тие се најдобрите навивачи на светот. Покривањето на трошоците за овие билети за навивачите кои патуваа во Боде е најмалку што можеме да направиме“, велат играчите.
Споделувајќи изјава на социјалните мрежи, Халанд вети дека тој и неговите соиграчи ќе се потрудат да ја надминат својата лоша форма.
„Не можевме да дозволиме вашата поддршка да остане неодговорена. Сега мора да ја свртиме работата заедно“ – напиша тој.
Реакција на навивачите на Сити
Кевин Паркер, претставник на официјалниот навивачки клуб, го поздрави гестот на играчот.
„Навивачите на Сити ќе патуваат до крајот на светот за да го поддржат нашиот тим. Боде не е лесно место за доаѓање, а температурите ја направија оваа вечер предизвикувачка за нашите навивачи на многу нивоа Навивачите на Сити имаат неверојатна врска со играчите на денот на натпреварот и овој гест е уште еден потсетник за тој однос – многу ни значи. Знаеме дека играчите се разочарани од поразот од Боде, но со нашиот следен натпревар дома во сабота имаме можност да се вратиме на победничките навики и нашите навивачи ќе бидат повторно со полна поддршка“, рече Паркер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

