Тод Боели ќе му го оствари сонот на Нејмар?

Нејмар ова лето најверојатно ќе ги следи стапките на Лео Меси и ќе замине од „Паркот на Принцовите“, но останува отворено која ќе биде неговата следна дестинација. Интерес за бразилскиот репрезентативец покажаа повеќе клубови, а дел од нив е и Челси.

Голгетерот беше желба на „сините“ уште во 2010 година, но тогашните преговори пропаднаа и покрај големата сума на пари која ја нудеа Англичаните поради желбата на тогаш 18-годишникот да премине во Шпанија каде покрај Барселона беше и на радарот на Реал Мадрид.

Сега работите се променети, Нејмар е далеку од трансфер во Шпанија, a тој е голема желба на Тод Боели кој според информациите на медиумите во Франција веќе имал и состанок со Бразилецот па поверојатна е опцијата конечно да заигра во Премиерлигата, нешто за што еднаш говореше и самиот тој.

„Не знам што ќе биде, но верувам дека секој голем играч, еден ден мора да заигра во Премиерлигата. Ако играте таму и уживате во тоа знаете дека сте еден од најголемите“, изјави Нејмар во 2018 година.

Се вчитува...